четверг, 31 января 2008 г.

ОД УСТА ДО УСТА - ТАДЕУШ РУЖЕВИЧ

Идеја.
Има јазик
убав и превртлив,
како змијаво рајот е.

Од устата на филозофот
излегува чиста,
далечна од “стварноста”
како душата од телото.

Тогаш на јазик
ја зема
политичарот,
активист.

Ја прежива
и ја плука врз главите
на граѓаните.

Идејата расте во устите.

Од устата на политичарот
идејата ја презема
новинарот.
Ја зачинува со плунка,
ароганција,
провокација
и ја исфрла преку средствата за
“масовно информирање”.

Идејата досега до калдрмата.

Излегува на улица,
се тетерави
како пијана проститутка
на десно и на лево.

Идејата преминува
од раце в раце
пред очите на
онемениот свет,
се претвора во
злосторнички инструмент.

А, што прави филозофот?

Молчи и заминува,
не гледајќи
зад себе,

како да не ги слуша зборовите:

“Не она што влегува во устата
го осквернавува човекот,
а она што излегува од устата,
тоа го осквернавува човекот”.

Препев од полски: Емил Ниами

Комментариев нет: