четверг, 31 января 2008 г.

ОВОЈ ЛЕБ ШТО ГО КРШАМ – ДИЛАН ТОМАС

Овој леб што го кршам некогаш бил жито,
ова вино од некое туѓо дрво
е исцедено од плодот негов;
Човекот преку ден или виното преку ноќ
го спружува житото, ја крши радоста на грозјето.

Некогаш ова време, виновата летна крв
течеше во месото на лозницата,
некогаш во овој леб
житото беше весело на ветрот;
Човекот го скрши сонцето, го смири ветрот.

Ова месо што го кинеш, оваа крв што ја пролеваш,
која пустоши во вените,
беа житото и грозјето
родени од сензуален корен и сап;
Моето вино ти е в грло, мојот леб ти е в заб.


Препев од англиски: Љупчо Петрески

Комментариев нет: