четверг, 31 января 2008 г.

ПРИКАЗНА ЗА ПРАСЕТО – РОМАНСКА НАРОДНА ПРИКАЗНА

Еден Ром и еден Романец отишле заедно на панаѓур да купат прасе. Откако нашле едно убаво пресенце, одлучиле да го купат. Тогаш Ромот му рекол на својот пријател: Е сега кога прасето е наше, како да си го поделиме меѓу себе? Ромот како Ром, цело време мислел само на едно: како да го надитри Романецот.
- А, ти, што мислиш дека би било најпаметно да направиме? – го прашал Романецот.
Ромот му одговорил:
- Ех, ми текна што ќе направиме! Ќе го испржиме прасето и ќе си легнеме да спиеме. Кога ќе се разбудиме, ќе си раскажеме што сме сонувале и оној чиј сон е поубав и поинтересен, ќе си го изеде прасето.
- Договорено – рекол Романецот. И така тие го испржиле прасето и си легнале да спијат. Но, Ромот никако не можел да заспие бидејќи цело време мислел каква приказна да раскаже. И Романецот, во исто време не можел око да склопи, бидејќи бил оптоварен со мислата дека Ромот ќе се обиде да го излаже, и размилсувал како да го спречи во тоа. Најпосле, по долго размислување, Ромот заспал. Кога Романецот видел дека спие, тивко се искрал од креветот, го изел прасето и така молчешкум се вратил назад во својата постела, правејќи се како ништо да не се случило.
Утрото, кога се разбудиле, Романецот го прашал Ромот:
- Кажи ми сега што сонуваше?
- Па, да ти кажам сонував дека се наоѓам во едно прекрасно поле полно со цвеќиња. Додека шетав така меѓу цвеќињата, здогледав една скала висока до небото. Се качив на скалата и стигнав меѓу облаците. Таму здогледав една куќа и кога таму што ќе видам: Господ и неговата жена седнати на трпеза. Тогаш Господ и рече на жена си: Мила жено, покани го Ромот да ни се придружи на вечера. Јас го послушав Господа, седнав на масата и се изнајадов се што ми сакаше душичката. Кажи колку прекрасен сон?
- Да, да убаво си сонувал.
- А ти, ти што сонуваше? – го прашал Ромот.
- Па и јас имав сличен сон како твојот. И во мојот сон имаше градина со прекрасни цвеќиња, и скала по која и јас се искачив и тогаш го видов Господ како седи на трпезата со својата жена. Тогаш Господ и рече на својата госпоѓа: дај му на оној Романец да го изеде прасето, бидејќи Ромот ќе јаде заедно со нас.
- И ти што направи тогаш?– прашал нервозно Ромот.
- Па, го изедов, се разбира! – рекол Романецот држејќи се за стомакот.
Превод од романски: Весна Крстевска Трајкова

Комментариев нет: